Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

Советот на јавните обвинители денеска треба да одржи седница, на која ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на јавните обвинители денеска треба да одржи седница, на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Според дневниот ред на 50-тата седница, предвидено е формирање комисија за подготвување кандидатски листи, како и комисија за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК.

На огласот за избор на нов раководител на ОЈО ГОКК досега се пријавени петмина јавни обвинители. Според информациите што ги потврди претседателот на СЈОРМ, Башким Бесими, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во Вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО, Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје, Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од ОЈО ГОКК, Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

Реклама

Огласот за избор на раководител на ОЈО ГОКК беше објавен во согласност со Законот за Советот на јавните обвинители и Законот за Јавното обвинителство. Според условите, право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години.

Изборот на нов основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК е закажан за 28 октомври 2026 година.

Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.