Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Советот на Јавни обвинители ја одби иницијативата на Ристоска, Мицкоски не влијаел на нејзината работа

Премерот Мицкоски не и вршел притисок на обвинителката Ленче Ристоска. Советот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премерот Мицкоски не и вршел притисок на обвинителката Ленче Ристоска. Советот на јавните обвинители  едногласно  на денешната седница ја одби иницијативата на јавната обвинителката, во која тврдеше дека врз нејзината самостојност во работата, имало надворешни влијанија и притисоци,  поради нејзиното постапување во предмети против ВМРО-ДПМНЕ. Во иницијативата од  Ристоска беше наведено дека нападите кон неа потекнуваат од политички структури на ВМРО ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и објави на веб-страницата на партијата.

-Самиот факт дека колешката Ленче во записникот имаше некомплетни ставови значи од причини што од кога е почнато специјалното обвинителство па до сега, ради тоа ние сметавме дека во конкретниот случај на јавниот обвинител не му е загрозен. Премиерот  никогаш не го кажал името на Ленче  во конкретниот случак во конкретниот записник- истакна претседателот на СЈОРМ Башким Бесими

Обвинителката Ристоска во изјава за медиумите вели дека ваквата одлука на советот, практично значи дека обвинителите се оставени сами на себе да се справуваат со притисоците.

Реклама

Советот инаку одлучи и да го врати обвинителот Јован Цветановски  на својата функција, откако едногласно ја укинаа неговата суспензија, а предметот да го врати на повторно разгледување. Констатирале пропусти во Првостепената комисија во предметот за Цветановски.

-Констатиравме дека има пропусти во Првостепената комисијам и ние како Совет не можеме тие пропусти да ги разгледаме, ингеренциите ни се такви, заради тоа го враќаме предметот  со конкретни напаствија- вели претседателот на СЈОРМ Башким Бесими

На истата седница Советот го прекина дисциплинскиот предмет против поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, бидејќи тој претходно поднел барање за престанок на функцијата. Хајрулахи беше суспендиран откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела. Хајрулахи категорично ги отфрли сите обвинувања, тврдејќи дека случајот е тенденциозен и политички монтиран со цел негово отстранување, поврзувајќи ја постапката со неговото постапување во врска со бонусите на СЈО.