Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Прилози

🎥 Советниците на СДСМ во Битола блокираат проект за нови улици и обнова на водоводна мрежа

Битолските советници од СДСМ, веќе две седници упорно одбиваат да дадат „зелено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битолските советници од СДСМ, веќе две седници упорно одбиваат да дадат „зелено светло“ за искористување на веќе одобрениот грант од дури еден милион евра од Европската инвестициска банка, а наменет за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на седум улици, пет во градот и две во населените места Трново и Лисолај. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова не било првпат нивните колеги од спротивниот табор да ја блокираат реализацијата на значајни инфраструктурни проекти, суштетсвено важни за граѓаните.

(ТЕЛОП) „За жал, нивната цел да се блокира искористувањето на овие финансиски средства во оваа градежна сезона е веќе остварена. Сепак, граѓаните треба да знаат дека ние сме тука да ги застапуваме нивните интереси, а не партиските интереси на одредени групи“, – смета координаторот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

Од СДСМ пак, се правдаат. Милионскиот проект, кој треба да се имплементира преку Министерството за животна средина, прво требало да добие одобрување од надлежните локални комисии.

Реклама

(ТЕЛОП) „По разгледувањето од страна на комисиите, доколку проектите се одобрени од Министерството и од Европската инвестициска банка, како што кажавме и претходно, тогаш ќе дадеме согласност“, – вели координаторот на советничката група од СДСМ, Петар Николовски.

Од зацртаните и ветени проекти, не се откажува ниту градоначалникот Тони Коњановски, особено што на престојните локални избори тој ќе се бори и за втор мандат.

„Тоа е поттик и уште една можност да продолжиме по патот кој го имаме зацртано и со уште поголема сила, заедно со тимот да продолжиме понатаму“, – изјави Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

Инаку, спорниот проект пред битолските советници на „трета мајка“ пак треба да се најде в понеделник. ВМРО-ДПМНЕ има 13 советници и му недостасуваат уште три гласа за проектот да „помине“.