Реклама

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски

Мицкоски: Нема да се повлечеме од податочните центри и антимонот, тоа е иднината на земјата

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Балкан

Совет на Европа констатира дека Бугарија која е гласна за малцински права, дома не ги почитува правата на малцинствата

Советодавниот комитет на Советот на Европа во своето најново мислење констатира дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советодавниот комитет на Советот на Европа во своето најново мислење констатира дека Бугарија не постигнала значителен напредок во осигурувањето на правата на малцинствата.

Во документот, објавен денес, се упатуваат препораки до бугарските власти да ги усогласат своите активности со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства.

Иако Бугарија активно ги поддржува правата на свои малцинства во странство, слични напори не се забележуваат во самата земја. Според Советодавниот комитет, постои значителен недостаток на свест за малцинските права, кои се клучен аспект на човековите права. Не се преземени мерки за имплементација на долгогодишни препораки, особено во однос на слободната самоидентификација и заштитата на малцинските права.

Реклама

„Лицата кои се идентификуваат како Македонци продолжуваат да бараат заштита според Рамковната конвенција, но властите не признаваат постоење на објективни критериуми, што им отежнува остварување на индивидуалните права. Нивните обиди за регистрација на здруженија не успеаја. Исто така, Помаците изразија желба за заштита, но властите не ги признаваат нивните самоидентификациони критериуми“, се наведува во извештајот.

Комитетот истакнува дека правата на малцинствата и нивната ефективна реализација мора да бидат приоритет за властите. Тие нагласуваат дека е важно да се следи практичен пристап кон Македонците и Помаците, со фокус на недискриминација и равноправен пристап до права.

Според пописот од 2021 година, Турците претставуваат најголемо малцинство во Бугарија со 8,4% од населението, следувани од Ромите (4,4%). Само 1.143 лица се идентификуваат како Македонци.

„Лицата кои се идентификуваат како Македонци известиле за обиди од властите да ги обесхрабрат во нивната самоидентификација. Пријавени се и инциденти за време на јавни настани и пречки во организирање протести. Учесниците во истражувањето забележуваат дека свеста за малцинските права во бугарското општество е на ниско ниво“, се вели во извештајот.

Дополнително, Европскиот суд за човекови права утврдил непочитување на правото на слобода на собирање и здружување во 12 случаи против Бугарија, поврзани со невладините организации на Македонците, кои властите постојано одбиваат да ги регистрираат.

Советодавниот комитет повикува властите да го поддржат учењето на малцинските јазици и да обезбедат континуитет на наставата од предучилишно до високо образование, особено во региони каде што живеат значителен број на членови на овие заедници.

Даниел Ѓорѓевски