Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

СОНК, експертите и Владата на заедничка маса – се бараат решенија за поголеми работнички права и ефикасни колективни договори

Со дискусија за социјален дијалог, подигнување на правата на работниците и расправа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со дискусија за социјален дијалог, подигнување на правата на работниците и расправа за законите кои се нејасни или не се почитуваат, Самостојниот синдикат за образование и наука го одбележа денеска Денот на трудот – 1 Мај. Во однос на работничките права, претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вели дека во периодот што следи ќе се фокусираат на пристапот кон толкување на колективниот договор, каде не се почитуваат одредбите од Законот за работни односи.

  • Генерално, она што на синдикатот, потписникот на колективниот договор, му пречи, тоа е пристапот кон толкување на колективниот договор, односно не се почитуваат одредбите ниту од Законот за работни односи“, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, пак, најави дека наскоро, по осум години стагнација, ќе се донесе Законот за работни односи, со кој ќе се заштитат работничките права, но и односот помеѓу работниците и работодавачите.

  • Со тоа би се вовеле нови начини на работа, модерни начини на работа и работнички права, како што е флексибилно работно време, онлајн работа, работа од дома, флексибилност на работењето на родители со мали деца или член од семејството со посебни потреби“, изјави Марјан Ристески, заменик-министер за економија.

Тој додава дека законот е стар повеќе од 20 години и мора да претрпи промени за да биде применлив. Професорот Лазар Јовески вели дека многу е важен социјалниот дијалог и колективното преговарање како еден начин за подобрување на правата од работен однос

Реклама
  • Моментално, тоа што се случува во работењето досега во македонската историја не е забележано и истото резултира со голем број колективни договори во јавниот сектор. Останува, и тоа е мојот апел, да се посветат социјалните партнери во бизнис-секторот и таму да заживее концептот на социјален дијалог, концептот на колективен дијалог, за да може да дојде до поместување“, изјави проф. д-р Лазар Јовески, професор по трудово право.

Во однос на новиот закон, додаде дека оваа година очекува да се добие модерен Закон за работни односи кој ќе биде од корист и за работниците, и за работодавачите, но и за Владата, и кој ќе може во следните пет години да одговори на модерниот пазар на труд.