Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Антиохискиот Патријарх

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати писмо на сочувство до Неговото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати писмо на сочувство до Неговото Блаженство г. Јован Х, патријарх Антиохиски и на целиот Исток по терористичкиот напад од 22 јуни во храмот „Свети Илија“ во Дамаск, во кој животот го загубија многубројни православни христијани:

Ваше Блаженство

Со неизмерна болка и длабока тага ја примивме веста за ужасниот терористички напад кој се случи на 22. 06. 2025 г, во храмот „Свети Илија“ во Дамаск, во кој животот го загубија многубројни православни христијани. Сторениот стравотен злочин ги потресе не само христијаните во светот, туку и сите луѓе со љубов и добра волја.

Реклама

Осудувајќи го ваквиот грозоморен чин, дозволете Ни од Наше име и од името на браќата архијереи, и од сета полнота на МПЦ – ОА, да Ве увериме во нашата искрена и длабока сострадалност, целосна поткрепа и усрдна молитва за Вас и за возљубената, страдална и маченичка Антохиска Православна Црква. Едновремено, заедно со Вас, ја очекуваме брзата реакција на надлежните власти во пронаоѓањето и санкционирањето на одговорните за ваквиот злостор.

Ваше Блаженство,

Дозволете Ни, уште еднаш да го изразиме Нашето срдечно и длабоко сочувство кон Вас, кон семејствата на трагично постраданите антиохиски новомаченици, и кон сите антиохиски христијани.

Триединиот Бог, Кој Самиот е Љубов, Крепост и Утеха, нека ги упокои душите на постраданите во лоното Аврамово, нека им даде скоро закрепнување на повредените, нека им биде постојана утеха на семејствата на жртвите и нека Го испрати Својот драгоцен мир врз полнотата на маченичката Антиохиска Црква.

Со братска љубов во Распнатиот и Воскреснат Христос

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан