Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Здравство

Собранието отвора Книга на жалост по повод трагедијата во Кочани

Книгата на жалост ќе биде отворена за сите граѓани во следните шест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Книгата на жалост ќе биде отворена за сите граѓани во следните шест дена, секој ден од 10 до 19 часот.

Денеска во Книгата на жалост се потпиша претседателот на Собранието, Африм Гаши.

„Со скршено срце и вознемирен дух, длабоко емотивно потресен, ги пишувам овие редови во оваа Книга на жалост, со надеж дека ова ќе биде последната Книга на жалост отворена во ова Собрание. Трагичниот настан во Кочани и загинувањето на околу 60 млади лица е последен аларм за сите политички и општествени фактори – време е да се вратиме кон себе, кон нашата хуманост и конечно да се издигнеме како феникс. Да ја обновиме оваа држава од почеток, но врз основа на ПРАВДА, ЧЕСНОСТ, ЧИСТА СОВЕСТ и ИСКРЕНОСТ. Семоќен Боже, смилувај се на нивните души, а твојот мир и милост нека ги обземат нивните најблиски и сите граѓани на државата“, напиша Гаши.

Реклама

Граѓаните кои сакаат да се потпишат во Книгата на жалост, може да влезат во Собранието преку страничниот влез – од страната на АРМ.