Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница

Собранието, денеска, во рамките на 81. седница, по завршувањето на опозициските прашања,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието, денеска, во рамките на 81. седница, по завршувањето на опозициските прашања, ги усвои финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за 2026 година, одлуката за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година и одлуката за давање согласност на предлогот на годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година. 

Исто така, на седницата беа изгласни одлуката за изменување на одлуката за одобрување да се продолжи рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Македонија, Законот за престанување на важењето на Законот за вонсудското спогодување, Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за регистар на задолжителното социјално осигурување и Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за системот за процена на лицата со попреченост и Законот за задолжувањето на Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по оамковниот договор за заем за дополнително финансирање на проектот за изградба на фискултурни сали. 

Гаши информира дека за продолжението на седницата пратениците ќе бидат дополнително известени.

Реклама

Претходно денеска, во рамките 81. седница беше изгласана потребата за носење измени и дополнувања на Законот за внатрешните работи и на Законот за полицијата, по скратена постапка, со што се овозможува организациска промена, односно трансформација на Секторот за внатрешни работи – Скопје во Оддел за внатрешни работи – Скопје и се предвидува дополнување со нова работна позиција – началник на Одделот за внатрешни работи – Скопје. Пред да се најдат повторно на пленарна седница овие закони треба да го минат филтерот на матичната комисија.