Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Со заеднички фронт против широко распространетата корупција

Недовербата во судството, нефункционални институции, големи корупциски афери без судска завршница и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недовербата во судството, нефункционални институции, големи корупциски афери без судска завршница и трагедијата во Кочани која сликовито покажа дека корпцијата може да убие. Тикму затоа овој проблем координирано треба да се решава со помош на истражните органи, невладините, граѓаните, медиумите и со силна политичка волја. Ова е пораката на луѓето кои се занимаваат со анализи и активно се борат против корумпираниот систем ,  на одбележувањето на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата. Според последниот извештај за индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси, Македонија е далеку под 50-то место кое е минимум гаранција дека постои борба против корупцијата.

Новиот претседател на Антикорупциска Адем Чучуљ вети дека ќе вложи напори за зајакнување на системот на интегритетот во институциите, бидејќи само така можеме да и застанеме на патот на корупцијата.

Главниот ревизор Максим Ацевски за следната недела најави извештај кој треба да покаже како не треба да се работи. Засега тој не откри за која институција станува збор, но вели дека се злоупотребувале огромни средства, вработени земале плата, а не доаѓале на работа и се правеле фиктивни патувања. Ацевски е задоволен од соработката со Обвинителството. Ланската година од 40 доставени ревизорски извештаи, обвинителите постапиле по 37.

Реклама

Најслаба точка и натаму е судството, со силни политички влијанија и недоволна транспарентност. Контроверзните измени на Кривичниот законик од 2023-та дополнително ја намалија довербата во борбата против корупцијата. Анкетите покажуваат дека 89 % од граѓаните веруваат дека корупцијата е широко распространета. Ваквата состојба го погодува и бизнис секторот, кој предупредува дека нерегуларностите ја кочат економијата и инвестициите. Недостигот од правосилни пресуди и понатаму останува главен проблем.