Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Со шиење, везење и плетење до сопстевн бизнис

Македонија поседува бројни поволни предуслови за развој на женското претприемништво, а чие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија поседува бројни поволни предуслови за развој на женското претприемништво, а чие јакнење може значително да продонесе за севкупниот развој на националната економија, особено преку „оживувањето“ на заборавените локални занаети и на женските вештини за: шиење, креирање, везење, плетење и сл. Ова е ставот на словенечкиот амбасадор во земјава, чија Амбасада и Министерството за надворешни и европски работи на Словенија веќе три години го поддржуваат проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, а имплементиран од Здружението „Добредојде Македонија Welkome Centar“.

 „Нашата цел е некако да овозможиме жените од ранливи категории, од различни етнички групи и младите од Македонија да пронаоѓаат нешто ново, нешто убаво, некоја традиција која може беше веќе изгубена –  не знаат да прават некои работи како што се: везењето, шиењето, плетењето. Тоа да се вклучи во нивниот живот и тоа да се оствари како некоја можност да се вработуваат и да одат на пазарот на трудот, да се зајакнуваат економски и да прават нешто добро за себе“ – изјави Н.Е. Грегор Прескер, амбасадор на Република Словенија.

  За оваа цел, во Прилеп се одржа и Семинар на тема: „Бренд менаџмент и маркетинг стратегија за мали бизниси“, најмногу наменет за учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ кои ја изучуваат текстилната струка, но и за младите девојки кои сакаат да се запознаат со современи техники за градење на сопствен бренд, комуникација со клиенти и одржлив маркетинг.

Реклама

  „Мислам дека треба да се направат многу реформи во образованието за да биде поблиско до сегашното време како луѓето – учениците, жените, младите, ќе успеат да направат свој производ…Имаме многу талентирани млади луѓе кои само треба да ги поттикне некој да работат и да научат како да бидат препознатливи на пазарот“ – кажа Емилија Миладинова – Рамчева, претседател на Здружението  „Добредојде Македонија Welkome Centar“.

  Според словенечкиот амбасадор, во иднина не се исклучува и можноста за уште една соработка меѓу двете земји, а базирана токму на овие наши традиционални вештини и начини на производство во текстилната индустрија. Ова, особено што во Словенија текстилната индустрија не била на некое завидно ниво, а што не е случај пак со Македонија, каде текстилната индустрија се’ уште е една од примарните дејности во повеќе општини.