Продолжува растот на цените на нафтата, но и на гасот во светски рамки. Затворањето на Ормутскиот теснец и иранските напади врз големите рафинерии ги поместија пазарите.
Експертите велат дека засега нема место за паника, затоа што мала е веројатноста затворање на Ормутскиот теснец да трае долго. Сепак, предупредуваат дека доколку главната рута остане затворена подолго, тоа би можело да ги зголеми цените на нафтата дури на троцифрено ниво, што ќе значи масовни поскапувања на глобално ниво.
Иранските власти тврдат дека Ормутскиот теснец е затворен и најавуваат напади врз бродови кои ќе се обидат да поминат, додека американските воени извори соопштуваат дека теснецот формално сè уште останува отворен.

Контрадикторните информации дополнително ја зголемуваат неизвесноста на пазарите и стравувањата од нов шок во глобалното снабдување со енергенси. Аналитичарите велат дека цените на нафтата веројатно ќе останат многу чувствителни сè додека траат овие геополитичките случувања, а се очекува нестабилноста да продолжи бидејќи пазарите ги земаат предвид и новите ризици.
