Реклама

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Економија

Николоски на Виенскиот економски форум: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, цел ни е Македонија да стане крстосница на Балканот

Економската соработка на земјите од регионот е повеќе од потребна заради заеднички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економската соработка на земјите од регионот е повеќе од потребна заради заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во обраќањето на 23. Виенски економски форум.

Во објава на „Фејсбук, Николоски посочува дека предизвик за земјите од регионот е како заеднички да настапуваат на европскиот пазар, да се натпреваруваат со конкуренцијата и да постигнат повисоко ниво на развој.

– Економската соработка на регионот е повеќе од потребна заради заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар. Предизвикот за земјите од нашиот регион е како заеднички да настапуваме на европскиот пазар, како да се натпреваруваме со конкуренцијата и како да постигнеме повисоко ниво на развој, наведува Николоски.

Реклама

На форумот информирал за развојните проекти што се реализираат во Македонија

–  Зборував за развојните проекти што ги реализираме во Македонија на коридорите 8 и 10 во висина меѓу 5 и 6 милијарди евра.   Активно ја градиме пругата на источниот дел од коридор 8, додека во напредна фаза сме за почеток на градба на брзата железница на коридор 10, вели виецепремиерот. 

Во делот на патната инфраструктура, тој посочил дека се работи на доизградба и модернизација на патниот коридор 8, на ниво на автопати и експресни патишта.

– Наша цел е Македонија да стане вистинска крстосница на Балканот, каде ќе се спојуваат бизнисот и економијата и ќе придонесеме за зајакнување на безбедноста, вели Николоски.

Тој оценува дека Виенскиот економски форум е можност за промоција на развојните политики на земјава, воспоставување нови контакти и привлекување потенцијални инвеститори.

– Виенскиот економски форум е одлична можност за промоција на нашите развојни политики, можност за нови контакти и потенцијални инвеститори. На Македонија ѝ требаат меѓународни пријатели, а токму преку овие форуми креираме нови форми на институционална соработка со нашите европски партнери, наведува Николоски.