Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Петкоска: Предлог Буџетот за 2027 е развоен, а со тоа за Охрид како туристичка дестинација се создаваат услови  за нови инвестиции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска,  на денешната седница на Комисијата за финансирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска,  на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, го посочи Охрид, како место од каде доаѓа и истакна дека целта е да се создадат услови за одржлив економски развој, нови инвестиции и нови работни места. Како што вели таа, Охрид има потенцијал да прерасне во целогодишна туристичка дестинација, но и во град со развиено производство, посилна инфраструктура и економија која ќе создава можности во текот на целата година.

,,Охрид е град кој најдобро знае колку вреди секој турист, секоја нова авиолинија, секоја инвестиција и секое ново работно место. Но, исто така знаеме дека Охрид не може да живее само од својата убавина и од туристичката сезона. Му требаат производство, инфраструктура, нови пазари и економија која работи во текот на целата година“, вели Петкоска.

Таа истакна дека целта е Охрид да се развие во целогодишна туристичка дестинација, со зголемен број туристи во текот годината, а не само во летната сезона.

Реклама

,,Да има работа за хотелите, рестораните, туристичките водичи, превозниците и малите семејни бизниси, и тогаш кога нема летни гужви по охридските улици. И токму тука, гледам промена во развојна перспектива на Охрид. Новите авилонии, подобрената авионска поврзаност и модернизација на аеродромот ,,Св. Апостол Павле“, се конкретни чекори кон таа цел. Владата знае дека за Охрид освен туризмот се важни и други работи, пред само неколлку дена беше означен почетокот на изградба на нов производен комплекс на охридската компанија АСП ПАК. Инвестиција вредна над 10 милиони евра, реализирана во стратешко партнерство со Владата. За мене, и моите охриѓани ова е особено значајно затоа што зад оваа инвестиција стои охридско претприемништво, домашна компанија која растела, инвестирала и освојувала странски пазари“, рече Петкоска и додаде:

 ,,Тоа е доказ дека и од Охрид може да се произведува за светот. И токму тука е суштината на економскиот развој. Ни треба туризам, но ни треба и производство. Ни требаат нови туристи, но и нови извозни производи, ни требаат хотели, но и фабрики, ни треба инфраструктура, која ќе ги поврзе сите овие можности. Охрид е добар пример дека развојот не смее да се потпира само на една економска гранка. Само ако имаме што да покажеме зад себе, имаме основа одговорно да зборуваме за она што го планираме утре. Денес туризмот станува стабилна економска гранка, а не сезонска надеж. Ова е суштината на развојното планирање. Не само да потрошиме пари туку да создадеме услови тие пари да генерираат, нова активност, нвои приходи и нови работни места“.