Реклама

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Економија

Министерство за финансии: Јавниот долг во 2027, согласно ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60 проценти

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината согласно сегашните проекции би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска уверува дека јавниот долг следната година нема да го надмине прагот од 60 проценти од БДП. Согласно ревидираните податоци за БДП, пресметките на Министерството за финансии, покажуваат дека јавниот долг следната година би изнесувал 12 милијарди и 300 милиони евра или изразено во проценти 59,7 проценти од БДП. 

Долговите што ги прават општините и јавните претпријатија на локално ниво, според министерката за финансии, не може да бидат јавен долг. 

Реклама

– Зборуваме за децентрализација. Тоа се нивни долгови, децидна е министерката за финансии.

Во однос на средствата што од централниот Буџет се слеваат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за исплата на пензии, министерката информира дека 42 милијарди денари одат за да се пополни буџетскиот дефицит во ПИОМ. 

Од Министерството велат дека е готов и проспектот за граѓанска обврзница која се очекува да биде издадена во текот на месецов.