Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Со поддршка од ЕУ поставени темелите за регионално управување со отпадот во Источниот и Североисточниот Регион

Министерството за животна средина и просторно планирање, заедно со проектниот конзорциум ENVIROPLAN…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за животна средина и просторно планирање, заедно со проектниот конзорциум ENVIROPLAN S.A. (лидер) – WEGlobal, денеска во Скопје ја одржа завршната работилница од проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот Регион (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА-програмата, со што формално беше означено завршувањето на имплементацијата на проектот.

На отворањето на настанот поздравни обраќања имаа заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, и раководителот на секторот за соработка во делегацијата на Европската Унија, Штефан Худолин, при што беше истакната стратешката важност на проектот за воспоставување интегриран, одржлив и со европските стандарди усогласен систем за управување со отпадот на регионално ниво.

Целта на работилницата беше да се презентираат целите на проектот, клучните активности и постигнатите резултати, како и да се отворат дискусии за следните чекори во насока на целосна имплементација на регионалните системи за управување со отпад во двата плански региона, во согласност со европското законодавство и зелената агенда за Западен Балкан. Проектот претставува клучен предуслов за премин од фрагментирани кон системски решенија во управувањето со отпадот.

Реклама

Во своето обраќање заменик-министерката Лашкоска нагласи дека проектот претставува значаен исчекор од планови кон реализација:

„Овој проект покажува дека европските политики не остануваат само на хартија, туку се преточуваат во конкретни и мерливи резултати на терен – преку зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на инфраструктурата и создавање услови за одржливо управување со отпадот“.

Таа додаде дека реализираните активности создаваат стабилна основа за следната фаза:

„Со овој проект ги поставуваме темелите за воспоставување функционални регионални системи за управување со отпадот, со јасна визија за нивна изградба и практична имплементација, во интерес на граѓаните и животната средина“.

Проектот, кој се спроведуваше во период од 24 месеци, опфати изработка на стратешки и технички документи, студии за влијание врз животната средина, зајакнување на капацитетите на општините и јавните комунални претпријатија, како и набавка на возила и контејнери за сите 18 општини во Источниот и Североисточниот Регион. Со проектните активности, особено во Источниот Регион, беа затворени и критични и нестандардни локации, со што беше даден јасен придонес кон намалување на дивите депонии и унапредување на еколошките стандарди.

Проектот претставува значаен придонес во процесот на усогласување со законодавството на Европската Унија во областа на животната средина и е составен дел од спроведувањето на зелената агенда за Западен Балкан, како и од националните напори за воспоставување одржливи и модерни системи за управување со отпад.

Министерството за животна средина и просторно планирање со јасна визија продолжува од проекти кон целосна имплементација воспоставувајќи функционални, одржливи и со европските стандарди усогласени регионални системи за управување со отпад како трајно решение во интерес на граѓаните и животната средина.