Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Прилози

Со меѓуграничен проект Бугарија – Македонија ќе се промовира културното наследство и ќе се реконструираат значајни локалитети

Со меѓуграничен проект Бугарија и Македонија, преку Центарот за ИПР, ќе го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со меѓуграничен проект Бугарија и Македонија, преку Центарот за ИПР, ќе го промовираат културното наследство на двете држави. Вредноста на проектот е 1милиони евра, од кои 560.000 евра се предвидени за нашата држава.

Се планира целосна реконструкција на бањата Кежовица. Изградба на нови апартмани, целосна смена на водоводната и канализациона мрежа, како и обновување на фасадата.

Дополнително, локалитетот Л”џи од каде извира геотермалната вода ќе биде претворен во музеј на отворено. Ќе се постават урбана опрема и информативни табли.

„Третата активност во Штип ќе биде реконструкција на куќа во Ново Село со што на туристите ќе им се долови сликата како изгледала архитектурата во познатотот штипско Ново Село„ изјави Трајче Здравков, директор на ИПР.

Реклама

Преку проектот за меѓугранична соработка предвидени се средства и за Пробиштип и Кочани. Во Пробиштип, ќе се реконструра планинарскиот дом, а во Кочани ќе се гради рекреативен центар.

„Како активност од овој проект се планира и изградба на рекреативен центар на браната Гратче. Во овој живописен дел се предвидува изградба на неколку игралишта со што ќе заживее овој простор„ изјави Трајче Здравков, директор на ИПР.

Освен инфраструктурни зафати планирано е да се одржат кампови и работилници кадешто младите од дветет држави ќе може да разменуват искуства, но и да се запознаваат со традицијата и обичаите на двата народи. Проектите целосно треба да бидат завршени во рок од две години.