Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Со едукација и зголемување на капацитетот на прифатилиштата до помал број на бездомни кучиња

Има решенија за хумано намалување на бројот на бездомните кучиња. Подигањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има решенија за хумано намалување на бројот на бездомните кучиња. Подигањето на свеста за одговорност кон животните, особено кон милениците кои често завршуваат на улица поради неодговорни сопственици, е првиот чекор кон намалување на оваа појава. Тука е и едукацијата за потребата од стерилизација и кастрација, но и грижата за севкупното здравје на животните, велат од прилепското Прифатилиште, кое постои веќе седум години во склоп на ЈКП „Комуналец“ и на располагање има само 13 боксови.

„Според процедура, со микрочипирање, вакцинација, кастрација и стерилизација и враќање со ушна маркица на локацијата. Тоа го работиме вкупно седум години и сакаме да испратиме апел до неодговорноста која што се наоѓа меѓу нас, бидејќи не би постоел проблемот ако нема неодговорни сопственици. Ни требаат дополнителни боксови за да можеме да работиме поинтензивно, со побрза динамика, но сето тоа е планирано во нашиот план за 2026 година“, вели д-р Татјана Барлакоска, ветеринарен лекар.

Поради комплексноста на проблемот, кој освен знаење бара и поголеми инвестиции, потребно е поактивно вклучување на сите чинители, вели Барлакоска и додава дека во последно време од голема помош им се професорите и учениците од ветеринарната струка при СОУ „Орде Чопела“.

Реклама

„Овој проблем е секако настанат од самите луѓе, бидејќи кучињата се зависни од нас, така што ако ние не се грижиме за нивното здравје и, секако, за нивната благосостојба, ќе го имаме овој проблем долгогодишно“, изјави Игор Галески, професор по ветерина во СОУ „Орде Чопела“, Прилеп.

„Во амбулантата се грижиме да бидат вакцинирани, чипирани, а правиме и хируршки зафати како кастрација и стерилизација за да нема размножување на бездомните кученца и да го намалиме проблемот што го имаме. Одиме и во самото Прифатилиште, каде им помагаме на бездомните кученца да бидат нахранети, средени и да имаат добра хигиена“, рече Михаела Силјаноска, ученичка во ветеринарната струка.

Инаку, Општина Прилеп на годишно ниво исплаќа десетици илјади евра на граѓани кои тужеле поради наводни напади од бездомни кучиња. Од ЈКП „Комуналец“ и од Општината се сомневаат дека сите напади биле реални, па бараат промена на методологијата на докажување.