Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Со дури 32 проекти Битола веројатно ќе биде рекордер по бројот на понесени барања за парите од Владата

Општина Битола ќе аплицира со дури 32 проекти на вториот Јавен повик…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Битола ќе аплицира со дури 32 проекти на вториот Јавен повик за државна финансиска помош на општините со парите од унгарскиот кредит. Нивната вредност е околу 13,5 милиони евра. Меѓутоа, бидејќи согласно претходно утврдените критериуми за висината на средствата кои може да ги добие секоја општина, Битола има право на само 707 милиони денари, односно на околу 11,5 милиони евра, градоначалникот е оптимист и уверува дека кусокот од близу 2 милиони евра ќе биде обезбеден од општински пари, со единствена цел сите планирани проекти да бидат реализирани.

„Со 32 проекти го очекувавме новиот повик на Владата. Подготвени сме да аплицираме со вкупна сума на сите проекти од околу 707 милиони денари. Тоа е максималниот износ кој би ни следувал како општина, а проектите се во висина од 830 милиони денари и истите планираме да ги дофинансираме. Станува збор за значајни инфраструктурни проекти. Паралелно имаме сработено и друга проектна документација за многу нови проекти, што секако е во контекст на создавањето услови за економски развој на локалната економија и на градот“, вели градоначалникот Тони Коњановски.

И додека се очекуваат парите за новите проекти, во Битола забрзано се работи и на други градежни фронтови. Освен што се интензивираат градежните работи на модерниот влез во Битола од кон Прилеп, во некогашната општина Бистрица започна да се гради современа Спортска сала во руинираната зграда од поранешниот Културен дом, а кој не е во функција уште од далечната 1984 година.

Реклама

„Бистрица ќе добие нова Спортска сала со корисна површина негде од околу 370 метри квадратни и галерија од 150-тина метри квадратни, со сите придружни елементи кој треба да ги има еден спортски објект…Се работи со средства од буџетот од 37 милиони денари и ќе значи многу, не само за бистричани, туку и за сите овде во регионот“, истакна Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

Инаку, на првиот Јавен повик, Битола аплицираше со вкупно 17 проекти. 13 беа за патна и подземна инфраструктура, 3 проекти беа за спортски објекти и еден проект беше наменет за образовен објект.