Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Со 3,95 промили алкохол во крвта возел низ Скопје, приведени и 11 возачи кои немале дозвола за возење

Дванаесет лица биле лишени од слобода за безобѕирно управување возило. Од нив,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дванаесет лица биле лишени од слобода за безобѕирно управување возило. Од нив, 11 возеле без возачка дозвола, а скопјанец возел со 3,95 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 11 затоа што управувале возила без возачка дозвола – тројца во Скопје, по двајца возачи во Битола, Кочани и кумановско, а по еден во Прилеп и велешко, а еден возач во Скопје управувал возило под дејство на алкохол – односно му биле измерени 3,95 промили алкохол во крвта, пишува во соопштението на МВР.

По целосно документирање на случаите, како што се додава во соопштението, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Реклама

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, се истакнува во соопштението на МВР.