Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Сојузот на тутунски здруженија уверува дека исплатата на субвенциите за пријавени површини и зелена нафта ќе се врши како и досега

       Неоправдани се стравувањата кај некои тутунари дека ќе има измена на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

       Неоправдани се стравувањата кај некои тутунари дека ќе има измена на законот за испкаќање на субвенциите за пријавени површини и за зелена нафта, уверуваат од Сојузот на тутунски здруженија. Оттаму тврдат дека директните плаќања од државата си остануваат исти, согласно задолжителното електронско обележување на обработливите површини.

  „Тоа е за да можат да ги обележат површините за да можат да ги пријават за субвенции за површина и за зелена нафта. А останува истото, значи нема никакви измени и субвенцијата за не по договорено, туку по предадено кило. Така што, тутунарите да не се секираат, се’ ќе им биде во целост исплатено. Тие што имаат обележано површини ќе добијат плус за зелена нафта и површина, и по предадено кило“, – дециден е Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.

  Од Сојузот, исто така, уверуваат дека за ланската реколта, субценциите по оваа основа, ќе бидат исплатени до почетокот на мај, што е во согласност со законските рокови. А истите правила ќе важат и за оваа реколта, а додека за наредната 2026/2027 година, Министерството ќе ја донесе Програмата за директните исплаќања на државата во следниот јануари. Напоредно со се’ ова, течат и продолжените рокови за потпишување на договорите.

Реклама

  „Министерството го продолжи рокот за пријавување за потпишување договори до 9 април, заради тоа што од почетокот на март месец имаше проблем со компјутерите, така што тоа се искомпензира и го продолжија тој рок за пријавување“, – посочи Ристески.

  Инаку, што однесува до новите откупни цени, од Сојузот велат дека засега нема некоја промена. Но, тие остануваат на ставот да притискаат за со анекси на договорите, предложените цени сепак да се зголемат, особено со кризата на Блискиот Исток, бидејќи се очекува дека и цените на репроматеријалите ќе бидат повисоки. А тоа, без повисоки откупни цени, би го направило тутунопроизводството нерентабилно, иако годинава има зголемен број и на склкучени договори и на обработливи површини.