Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Случај Фросина: Кога правдата е само на хартија, а на дело е невидлива

Формата на правдата е задоволена, ама не и суштината! Очигледно изрекувањето воспитна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Формата на правдата е задоволена, ама не и суштината! Очигледно изрекувањето воспитна мерка против 20-годишниот дилер Васил Јованов која требаше да го научи да не продава дрога, и да не вози несовесно со пежото на татко му, пијан, предизвикувајќи трагедии – не успеа. Очајната состојба на македонското судство се преслика и во овој случај. Судијката Даниела Стојановска Алексовска се водела од Законот за правда на децата и ја запазила формата, но на која пракса се повикала и го истретирала како помлад полнолетник дилерот што во станот на баба му пакувал дрога?
За жал, оправдани се оние, само 2% доверба на граѓаните во судовите и обвинителите со оглед на скандалозните судски одлуки. Судот треба да дели правда и со одлуките да превенира идно девијантно поведение, појаснува Димовски.

Инаку, Кривичниот суд не може да извади статистика на која судска пракса се повикала судијката бидејќи АКМИС системот нема таков индикатор. Новиот Закон за правда на децата стапил на сила на 20 март 2024, а судијката го применила во јули истата година и досудила воспитна мерка. Таа го применила членот 71 од Законот, но не го вклучила Центарот за социјални работи, за да ја оцени состојбата на Јованов.

На сторител кој како помладо полнолетно лице извршило дејство што со закон е предвидено како кривично дело, а во времето на пресудувањето не наполнило 21 година, судот може да му изрече воспитна мерка засилен надзор или заводска мерка, ако со оглед на неговата личност и околностите под кои е сторено делото, може да се очекува дека и со воспитната мерка ќе се постигне целта што би се остварила со изрекувањето на казната, стои во член 71. во Законот за правда на децата.
Според статистиката на Воспитниот дом во Тетово во последните четири години, има само два случаи на помлади полнолетници што завршиле таму. Кривичните дела ги направиле на 19 години, а влегле после две години. Согласно Законот, без разлика какво дело направиле, тие може да останат во домот до нивната 23-та година.
Во случајов Васил Јованов, ако не ја прегазеше младата дизајнерка од Неготино, за дилањето дрога ќе лежеше во Тетово до својот 23-ти роденден – ако Апелација му ја потврдеше пресудата. Останува отворено прашањето дали во случајов системот потклекна или судијката му прогледала низ прсти.