Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Славески: Мојот став е познат уште од првиот ден на мојот мандат – услугите во платниот промет ги сметам за јавна услуга

– Гувернерот Трајко Славески останува на ставот дека се потребни законски измени со кои ќе се регулира определувањето на провизиите на банките.  – Мојот став е познат уште од првиот ден на мојот мандат – услугите во платниот промет ги сметам како јавно добро, јавна услуга која по ништо не е различна од снабдувањето на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Гувернерот Трајко Славески останува на ставот дека се потребни законски измени со кои ќе се регулира определувањето на провизиите на банките. 

– Мојот став е познат уште од првиот ден на мојот мандат – услугите во платниот промет ги сметам како јавно добро, јавна услуга која по ништо не е различна од снабдувањето на граѓаните со електрична енергија, со вода, природен гас, телекомуникациски услуги – изјави денеска Славески по прес-конференцијата во Народната банка.

Според него, може да се земе пример од некои европски држави како на пример Хрватска која донесе закон со кој голем дел од банкарските услуги од платниот промет ги направи бесплатни како што се отворањето, водењето и затворањето на банкарските сметки или плаќањето на шалтери. 

Реклама

Вели дека во тек се разговори со Македонската банкарска асоцијација за да на одредени категории на граѓани како пензионери и лица со ниски примања им се намалат трошоците за банкарски услуги. По средбата што се одржала пред две недели, се очекуваат забелешки од банките на предлогот што им бил доставен од страна на Народната банка. 

За министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која изјави дека банкарските провизии никогаш не биле регулирани со закон, Славески вели дека имаат коректни односи и дека е нормално некогаш да имаат различни гледишта. 

– Имаме коректни односи на соработка. Може некогаш за предлозите да имаме различни гледишта, но секогаш тргнуваме од интересот на граѓаните – рече Славески. 

По најавите на три големи и една помала банка дека ќе ги зголемат провизиите, реагираше гувернерот со апел до банките да не го прават тоа бидејќи нема основ за такво нешто со оглед на тоа дека заработките на банките од провозиите и каматните приходи се стабилни.