Реклама
Бизнис

Скроена е новата потрошувачка кошничка

Државата ја скрои новата потрошувачка кошничка. Ќе се пресметува за основните трошоци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата ја скрои новата потрошувачка кошничка. Ќе се пресметува за основните трошоци на тричлено семејство и ќе се полни сo податоците од Државниот завод за статистика како и врз основа на податоците од Државниот пазарен инспекторат за цените во различни маркети и пазарите.

Во кошничката нема да има цигари, алкохол, одмор во странство и останати ставки кои се сметаат за луксуз.

Кошничката ќе биде испратена на усогласување кај Синдикатите и Организацијата на потрошувачи, а ќе мора да биде изгласана на седница на ЕСС.

Реклама

– Просечната потрошувачка кошничка ќе биде комплетен и квалитетен одраз на потребите на едно просечно македонско семејство, а тоа е тричлено семејство според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Сите податоци за формулација и пресметување на просечната потрошувачка кошничка ќе бидат земени со официјални податоци од ДЗС и податоците кои постојано ги добиваме од Државниот пазарен инспекторат во однос на цените на основните производи и трошоците на живот во Република Македонија. Нашата просечна потрошувачка кошничка во пресметките сигурно нема да користи акцизни стоки како што се алкохол, цигари, летување во странство или, пак, овошја кои не се карактеристични за одредена сезона во годината, бидејќи тоа го сметаме за луксуз, изјави Ристески

Од Министерството за економија велат дека државата одлучила да почне да пресметува своја кошничка зашто податоците од неа ќе се користеле за услогласување на идните владини мерки и политики.

Просечната потрошувачка кошничка нема да служи нити за креирање на јавно мислење, ни за политиканство како што претходно се правело, туку ќе биде за потребите на Министерството за економија и труд и на Владата во идните креирања на политики и донесување на закони и одлуки со цел заштита на животниот стандард на граѓаните, додава Ристески.

Експертите се согласни дека кошничката треба да се пресметува единствено врз база на податоците од Државниот завод за статистика. Тие не гледаат ништо спорно во тоа што Министерствата за економија и за Финансии да се вклучени.

– Потрошувачката кошничка треба да се креира структурно врз основа на официјалната статистика. Во ред е да учествуваат министерствата за економија и финансии, но основно е да се базира на официјалната статистика, а тоа е Државниот завод за статистика, порача Марјан Петрески, од Finance Thing.

Државниот завод за статистика престана да ја прави пресметката во 2011 година. Тогаш ССМ почна да полни своја кошничка, а сега Владата направи и своја. Последната објавена пресметка од ССМ е за февруари и тежи 63.773 денари за четиричлено семејство.