Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Скопје полека станува атрактива туристичка дестинација за странците. Откако излегоа бројките дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје полека станува атрактива туристичка дестинација за странците. Откако излегоа бројките дека македонија годинава има Рекорден број на странски туристи, може да се забалеѓи и промена а нивниот интерес. Иако Охрид останува како најатрактива и најпосетена дестинација, сепка странските туристи почнуваат да ги откриваат и другите убавини на Македонија. Поттикнат од зголемениот број на авиолинии, богата култура, дневни тури и гастрономија, главниот град бележи најголем раст во последниве години.

„Најголем дел од посетите на туристите како туристи кој што имаат ноќевање се во југозападнмиот регион, односно охридско-струшката ривера, над 40% се таму. А Скопје има 38% како број на туристи.“- вели Влатко Сулев од Националната асоцијација на дојдовен туризам.

Сепак Охрид останува најголема атракција за странските гости. Неговото природно и културно богатство, езерото и историските знаменитости и понатаму го задржуваат на врвот на листата на најпосетени дестинации.

Реклама

Туристите се почесто го комбинираат престојот. Неколку дена во Скопје, а потоа продолжуваат во другите македонски градови, а потоа и Балканот.

„Ни се допаѓа атмосферата, луѓето и чувството што го има градот. Дојдов затоа што не многу луѓе биле тука, па некако ми е како да откривам ново место. Имам директен лет до овој регион.“-велат туристите.

Експертите велат дека бројките навистина се за гордеење. Но сепак треба да се стремиме кон развивање на другите дестинации, туристичките агенции да нудат и други тури со цел да се задржат туристите во Македонија.  

Инаку Македонија бележи раст од рекордни 40% на туризмот на годишно ниво. Нашата држава е позиционирана на врвот во привлекување на нови туристи, а светската банка ја препозна како најдобар пример за држава со најголем раст на авиолетови и туризам во Европа и централна Азија. Надлежните најавуваат уште повеќе инвестиции во авиосообраќајот и туризмот.