Реклама
Македонија

Скопјанка пријавила физички напад, закани и вознемирување на сопругот и синот

Скопјанка пријавила физички напад, закани и вознемирување на нејзините сопруг и син…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјанка пријавила физички напад, закани и вознемирување на нејзините сопруг и син од страна на женско лице.

– Вчера во 14 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, Х.Т., 54-годишна скопјанка, пријави дека од месец декември 2025 до 30 април 2026 преку социјална мрежа ѝ биле упатувани закани од Т.А. – женско лице, а пред две недели била и физички нападната од неа, но, не го пријавила настанот. Според пријавеното, Т.А. преку социјални мрежи ги вознемирувала и сопругот и синот на пријавителката – соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.