Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Прилози

Сите осомничени во случајот со ФФМ се обезбедени, уште еден зад решетки

Осомничените за криминалот во Фудбалската федерација на Македонија, тежок 2,4 милиони евра, нема каде да избегаат. Основното јавно обвинителство информира дека сите лица за кои постои сомневање за милионски злоупотреби во Федерацијата се обезбедени. Првоосомничен е Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на ФФМ. „Денеска се определени мерки на претпазливост за двајца осомничени и мерка куќен притвор […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осомничените за криминалот во Фудбалската федерација на Македонија, тежок 2,4 милиони евра, нема каде да избегаат. Основното јавно обвинителство информира дека сите лица за кои постои сомневање за милионски злоупотреби во Федерацијата се обезбедени. Првоосомничен е Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на ФФМ.

„Денеска се определени мерки на претпазливост за двајца осомничени и мерка куќен притвор за едно лице. Со ова, сите осомничени се обезбедени“, велат од ОЈО.

Од Обвинителството засега не откриваат како планираат да ја надоместат штетата од осомничените и дали е можно да бидат преземени мерки за замрзнување на имотот.

Реклама

Претходно, Основното јавно обвинителство отвори предмет за сомнежи за сериозен криминал во Фудбалската федерација на Македонија, во кој првоосомничени се поранешните претседатели Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини, додека третоосомничена е главната сметководителка.

Според Обвинителството, двајцата поранешни претседатели потпишале 728 платни налози, подготвени од третоосомничената сметководителка, за услуги и стоки што никогаш не биле испорачани до Федерацијата.

Истрагата опфаќа и осум фирми, како и други физички лица, кои, според сомнежите, доставувале фиктивни фактури до ФФМ за услуги што никогаш не биле реализирани, а биле целосно исплатени.

Предметот сè уште е во истражна постапка, а според најавите, по завршувањето на истражните дејствија ќе следува и официјално поднесување обвинение.