Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Синдикалното организирање и колективните договори од голема полза за функционирањето на вработените при универзитетите

Наставниот и ненаставниот кадар од академската фела во земјава, кој веќе трета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наставниот и ненаставниот кадар од академската фела во земјава, кој веќе трета година е синдикално организиран, задоволен од досегашното синдикално делување. Неодамнешното формирање на синдикатите и потпишувањето на колективните договори, ги даваат првите резултати. Платите и условите за работа, сега се креираат транспарентно и во согласност со реалните можности во оваа сфера, со следење на европските принципи каде вработените се претставувани исклучиво од Синдикатот. Ова беше потенцирано на Панел-дискусијата која беше организирана на УКЛО Битола под мотото „Положбата на вработените во високото образование во Македонија“.

  „Синдикалното членство настапува академски, достоинствено, ги разбира проблемите што ги има Уноверзитетот и не бара, она што нардоски би се рекло „преку леб, погача“. Туку гледа во рамките на располжливиот буџет, максимално да се искористи за добробит на вработените. А наша обврска, на раководствата, е да бидеме крајно транспаренти, за секој вработен, а особено Синдикатот, да знае како се трошат финансиите што ги обезбедува Универзитетот“, – вели проф. д-р Игор Неделковски, ректор на УКЛО – Битола.

  „Најголем успех беше што успеавме да формираме Синдикат, да го регистрираме, да преговараме со Собранието на РМ и да потпишеме колективен договор со кој се гарантирани платите на вработените, условите за работа на сите“, – појаснува проф. д-р Саша Дуковски, претседател на Синдикатот при УКЛО – Битола.

Реклама

   „Може да се каже дека последните две години имаме достоинствени плати во високото образование. Сега останува на вработените со нивната работа да покажат и да докажат дека овие плати ги заслужуваат, се’ со цел да се подобри квалитетот во високото образование, со пишување на трудови, книги, подобрување на квалитетот на студиските програми“, – посочи проф. д-р Ангел Ристов, претседател на Унијата на синдикати во високото образование во Македонија.

  Синдикалното организирање во академската сфера за првпат се реализираше пред три години, најпрвин на УКИМ во Скопје. Пред две години пак, фомирана е Унијата на синдикати во високото образование во Македонија, а потпишани се и колективните договори со сите универзитети во земјава.