Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Силно невреме ја зафати Македонија!

И понатаму над територијана на нашата Република Македонија е присутна фронаталната долина,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И понатаму над територијана на нашата Република Македонија е присутна фронаталната долина, а на висина е присутен и поладен воздух. Во ваква ситуација, повторно денес (петок 6 јуни) во попладневните и во раните вечерни часови, особено во централните и во источните предели од нашата Македонија на повеќе места ќе се формираат фронтални влажни бранови кои ќе условат развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност, најави Славчо Попоски.

Локално повторно процесите ќе бидат интензивни и тоа поради загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија. Па така локално ќе има појава на невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град, кој во ваква ситуација би можел да биде крупен.

И во делови од Скопската котлина исто така денес попладне ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на невреме.

Реклама

Изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот ќе има и утре (сабота 7 јуни).

Апелирам, во случај на појава на невреме граѓаните да обратат поголема внимателност, односно, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, однсоно, да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени, предупредува метеопрогнозерот.