Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Силниот ветер во Дебар создаде повеќе проблеми 

Силниот ветер што од вчера го зафати Дебар предизвика пожари, прекин на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силниот ветер што од вчера го зафати Дебар предизвика пожари, прекин на уличното осветлување во неколку населби, а  падна и дрво – бор во дворот на гимназијата.

– Едниот пожар е на градската депонија, вториот во стан во станбена зграда предизвикан од спој во електрична инсталација, третиот е пожар во куќа, од запален оџак. Исто така, интервениравме и во отстранување на паднато големо дрво кај гимназијата. Има паднати  гранки од дрвја и низ градот, информираше, Џетан Мифтароски, командир на Територијалната противпожарна единица.

Според него, освен материјална штета, за среќа, нема повредени.

Реклама

Од почетокот на годинава до денеска единицата регистрирала 10 интервенции, главно пожари од неисчистени оџаци.

Во надминување на проблемот со уличното осветлување, како што информираа од општината, во текот на ноќта интервенирала фирмата задолжена за тоа. 

Поради силниот ветер зачестени се и помали одрони од камен на патиштата во дебарскиот регион, кои ги расчистуваат екипи од секцијата на „Македонија пат“. Оттаму апелираат на внимателно возење и строго почитување на сообраќајните правила и прописи, поради замрзнатите коловози.