Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Најпознатиот научен амбасадор на Македонија, биохемичарката Светлана Мојсов која со нејзиниот придонес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најпознатиот научен амбасадор на Македонија, биохемичарката Светлана Мојсов која со нејзиниот придонес во науката овозможи развој на нова генерација лекови за дијабетис доби почит и дома за нејзиниот извондреден придонес во светската наука. Шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова на свечена церемонија ја одликуваше светски познатата научничка, родум од Скопје со државниот орден 8 септември за нејзиниот извонреден придонес во биохемијата. Сиљановска Давкова потсети за макотрпната работа на научничката Мојсов која со години работела на октитието на хормонот што предизвикува ослободување на инсулин во панкреасот.

Мојсов е научничката чии револуционерни истражувања го променија текот на современата медицина и го отворија патот за развој на новата генерација глобално популарни лекови за дијабетес, меѓу кои познатиот лек „Оземпик“.

Родена е во Скопје во 1947 година. Таа својот научен пат го гради на престижниот Универзитет „Рокфелер“ во Њујорк, каде што докторира биохемија во лабораторијата на познат нобеловец.

Реклама

Нејзиниот историски научен пробив се случува во текот на 80-десетите. На престижниот  медицинскиот факултет „Харвард“ и во болницата во Масачусетс, таа успева да идентификува цревен хормон, докажувајќи дека тој директно го поттикнува панкреасот да ослободува инсулин.

И покрај тоа што нејзините клучни трудови и експерименти се темелот врз кој се регистрираа фармацевтските патенти, Мојсов со години неправедно остана во сенка на своите машки колеги и без заслужените права.

По долга и упорна битка за научната вистина, таа успеа правно да го врати своето име во патентите и да си го обезбеди рамноправното место меѓу пионерите на современата медицина.

Нејзиниот триумф кулминираше кога магазинот „Тајм“ ја прогласи за една од 100-те највлијателни личности во светот за 2024-та , по што следуваа голем број престижни меѓународни награди. Од лани е членка на Македонската академија на науките и уметностите.