Реклама

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Македонија

Силјаноски во Дебрца ветува: 100.000 денари за трето дете, поддршка за младите, претприемачите, земјоделците…

Кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Силјаноски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Силјаноски, ја заокружува својата предизборна кампања – ветувајќи проекти насочени кон развој, инвестиции и подобар живот за сите жители на општината.

Силјаноски порача дека Дебрца заслужува вистинска промена – општина која се развива рамномерно, со грижа за граѓаните и создавање услови за достоинствен живот.

Клучните приоритети на неговата програма се подобрување на условите за претприемачите и земјоделците, со цел поттикнување на локалниот економски развој и отворање нови работни места, редовен и функционален јавен превоз, кој ќе го олесни секојдневното движење на граѓаните, изградба на нови игралишта, спортски сали и терени, како и финансиска поддршка за младите и спортските клубови.

Реклама

Силјаноски најави и пакет на социјални и семејни мерки кои, како што рече, ќе бидат директна помош за граѓаните на Дебрца и поттик за останување и создавање семејства во општината: 50.000 денари еднократна помош за млади брачни парови, 10.000 денари еднократна помош за секое запишано прваче, 100.000 денари еднократна помош за трето дете, 100.000 денари помош и ослободување од комуналии за изградба на семејна куќа за жителите на општина Дебрца.

Меѓу најавените проекти е и реконструкцијата на спортското игралиште во Мешеишта, за кој проект, како што истакна, документацијата е целосно подготвена.

“Ова не е само реконструкција на игралиште – ова е инвестиција во младите, во спортот и во здравиот живот во нашата општина. За Мешеишта. За Дебрца. За иднината,“ нагласи тој, додавајќи дека реализацијата ќе започне веднаш по преземањето на функцијата, во соработка со Министерството за спорт.