Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

Сиљановска-Давкова прими претставници на американската невладина организација „Data Foundation“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на американската невладина тинк- тенк…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на американската невладина тинк- тенк организација „Data Foundation“, предводени од нејзиниот претседател Џејсон Барнет.

Претставувајќи ја Глобалната алијанса за единствен дигитален пазар на податоци, гостите ја информираа за глобалната иницијатива за поддршка на малите и средни претпријатија на Западен Балкан, со цел да се обезбеди поголема соработка во оваа област. Според нив, преку интероперабилната платформа на податоци, истите ќе можат да следат и споделуваат податоци за потрошувачката на енергија, водата, емисиите на јаглерод, согласно европските регулативи.

Тие ја информираа дека потпишале Меморандум за соработка со Владата преку Министерството за енергетика, посочувајќи дека проектот е директно поврзан со исполнување на обврските од поглавјето „Животна средина и климатски промени“.

Реклама

Претседателката ја поддржа иницијативата и изрази став дека регионалниот пристап и соработка овозможуваат подобри резултати во заштита на животната средина.

На денешната средба присуствуваа и претставници на македонскиот бизнис сектор, локални координатори во Глобалната алијанса за единствен дигитален пазар на податоци и универзитетскиот професор Илија Руменов, водечки правен експерт во Алијансата.