Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

📸 Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на петтото издание на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на петтото издание на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на „Македонија 2025“ во Охрид.

Учесниците на кампот ги претставија своите проекти изработени од лего коцки на тема „FIRST®LEGO® League – FIRST® DIVE℠: SUBMERGED℠“, фокусирани на океаните, како предмет на истражување. Лего решенијата годинава целат кон намалување на загаденоста на океанските води и заштита на загрозените видови.

Импресионирана од лего иновациите, Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави и поддржа истражувачкиот дух како клуч за развојот.

Реклама

За неа, кампот е успешен проект не само заради стимулирањето креативни технолошки активности, туку и заради возобновувањето на врската со татковината, учењето македонски јазик, дружењето, воспоставувањето пријателства.

Таа во нив препознава идни научници со кои ќе се гордее не само државата во којашто живеат, туку и ние.

Статусот и фотографиите можете да ги погледнете на следниот линк:

За неа, една од нејзините најважни цели е да ја врати вербата на граѓаните и на младите во државата, да ги заинтересира за политиката, како и да ги зајакне врските со дијаспората.

Во годинешното издание на кампот учествуваат 22 млади од САД, Канада, Франција, Хрватска, Словенија, Малта, како и учесници од различни делови на земјава кои имаат можност преку практична работа да програмираат FABLE компоненти под менторство на „Brainster“, решавајќи реални предизвици инспирирани од секојдневниот живот.

Програмата на кампот предводена од Академијата за роботика и иновации и „STEM Роботика Кочани“, во партнерство со „Young Engineers Скопје“, ја вклучува светски признатата „LEGO® Education“ технологија и STEM програмите лиценцирани од Израел, коишто се користат во над 50 земји ширум светот.