Реклама
Прилози

Сиљановска-Давкова: Членови на Судскиот Совет наместо да ја бранат правдата, се претворија во скандал мајстори

Судски скандал мајстори, наместо да ја штитат судската независност – само одговорни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судски скандал мајстори, наместо да ја штитат судската независност – само одговорни членови на Судскиот совет веднаш ќе си поднесат оставка, децидна е претседателката Сиљановска Давкова. Според неа, многу актуелни членови не ги исполнуваат условите кои се предвидени во актуелните закони – наместо истакнати правници со 15 годишно работно искуство, за нив се користат придавките партизираност и политизираност.

  • Тогаш очекував, одговорни членови на Судскиот совет веднаш би поднеле оставка по скандалите што се случуваа, а тие таму не се избрани да бидат судски скандал мајстори, туку да оневозможуваат било каква скандализирање на независната судска власт. Еве уште очекува да бидат доблесни и да го сторат тоа. Ако го додате процентот на граѓани кои веруваат односно немаат доверба во Судскиот совет, ова е апел до моралот, до етиката на судиите“ рече претседателката Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова е убедена дека недовербата на членовите во Судски ќе биде изгласана во Собранието по поднесената интерпелација, премиерот Мицкоски пак очекува критичка дебата пред пратениците да гласаат како што сметаат дека треба.

  • Постои основа за критичка дискусија и дебата, за доброто на државата и граѓаните пратениците треба да одлучат по сопствена волја. Мислам дека има многу основа за една критичка дискусија и дебата, а секој од парламентарците треба да си одлучува според своја волја и онака како мисли треба да одлучи а кое ќе биди добро за иднината на државата и на граѓаните, тоа е суштината“ рече премиерот Мицкоски.

Од петте членови, само Миљазим Мустафа не гледа причина да си поднесе оставка доколку Собранието му изгласа недоверба. Алфа уште вчера ги контактираше и поранешните претседателки Павлина Црвенковска и Весна Дамева, екс потпретседателот Селим Адеми и Тања Чачарова Илиевска, но останаа воздржани од коментар. Дали ќе си заминат од највисокото Судско тело не бил информиран ниту претседателот Александар Камбовски кој во отвореното студио „Во Фокус“ на Алфа, кој рече дека самите членови треба да си донесат одлука.

Реклама
  • Лично не сум разговарал, но се работи кои на дневна основа се случуваат. Денес бев во МП, и немав прилика да се сретнам со колегите и немав можност да ги слушнам нивните реакции. Не би сакал во нивно име да зборувам, сепак, треба тие самите да си кажат што мислат и како ќе постапат. Официјално во СС ние до денес немаме примено од Собранието. На еден член мандатот му истекува во јули, на два во декември – рече Камбовски.

ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од парламентарното мнозинство во петокот поднесоа иницијативата за разрешување на пет члена од Советот кои се избрани од Собранието.