Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто пристигна во Белград на разговори со српските власти околу можностите за помош по прекинот на испораките на нафта од Хрватска. Во видео-порака на „Фејсбук“, тој порача дека Унгарија ќе ѝ помогне на Србија, на нејзиниот народ и економија, а деталите ќе се договорат на средбата во Белград.
Посетата следи само еден ден по предупредувањето на претседателот Александар Вучиќ дека рафинеријата НИС – под контрола на руски „Гаспром“ – би можела да ја прекине работата за четири дена доколку САД не ги ревидираат новите санкции. Застојот би предизвикал сериозни проблеми во снабдувањето со деривати во пресрет на зимата.
