Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

Сиљановска Давкова: Обвинителот треба да е бескомпромисен борец за почитување на законите и владеењето на правото, отпорен на политички влијанија

Бескомпромисен борец за почитување на законите, заколнат борец за владеењето на правото,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бескомпромисен борец за почитување на законите, заколнат борец за владеењето на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија и ќе претставува круна на целиот обвинителски систем е профилот на личност, кој денеска го изнесе претседателката Гордана Сиљановска Давкова, одговарајќи на новинарско прашање каква личност смета дека треба да биде на највисоката позиција во обвинителскиот систем во државата.

Сиљановска Давкова во однос на последната одлука на Владата за продолжување на постапката за  разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и нејзино доставување до Собранието, напомена дека во државата има јасна поделба на власта и дека иако таа има професорски бекградунд, сепак во моментов настапува и изнесува став како шеф на државата и оти за избор и разрешување на обвинител постојат јасни законски прописи. 

– Каков профил на јавен обвинител сакам, сакам бекомпромисен борец за почитување на законите, бидејќи јавните обвинители се надлежни за гонење на сторителите на кривични дела, а колку се важни ќе ви кажам, во некои земји како во Британија јавниот обвинител, по функција е член на Владата во поширока смисла, некој кој ќе биде заколнат борец за владеење на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија, некој кој што ќе биде круна на целиот обвинителски систем, бидејќи ако нема промени во обвинителскиот систем нема да има ниту успешни судски реформи. Затоа јас се израдував многу кога министерот за правда, односно Владата целиот пакет закони, што ретко се случувало кај нас, го испрати на Венецијанската комисија, дури  и присустував дента, кога поминаа некои закони и добија мислење, рече претседателката, по отворањето Меѓународниот форум насловен „Глокализација  2.0: Одржлива родово-одговорна иднина”, организиран од Регионалната мрежа за родово одговорно буџетирање (GBWN). 

Реклама

Таа нагласи дека овие закони не одат на хармонизација, бидејќи нема директиви и регулативи за оваа материја, односно строгиот тест на Венецијанската комисија е доволен за да се најдат во постака.

-Ја охрабрувам Владата и Министерството за правда да ги испрати законите во Собранието за навистина да создадеме прв нормативен исчекор кон поинаков начин на регрутирање и на судии и на луѓе во Судскиот совет, рече Сиљановска Давкова, додавајќи дека во комисиите кои работеле на законите учествувале врни експерти, но и претставници на ЕУ во рамки на планот за владеење на правото.

Таа додаде оти смета дека навистина има гаранција барем нормативно да се направи голем исчекор за да се справиме со најголемиот проблем – коруцијата и криминалот, за кои, додаде дека не се само проблем кај нас. Според Евробарометар, дополни претседателката, корупцијата и криминалот денес се најтешките проблеми во перцепцијата на сите европски граѓани.