Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети Националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“.  На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски.   […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети Националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“. 

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски.  

Преку сликарство, фотографија и современи визуелни интерпретации, авторите ја истражуваат врската меѓу историската меморија и современиот уметнички израз, отворајќи дијалог со духовното и културното наследство на Светите Кирил и Методиј, глаголицата и словенската писменост.

Реклама

Според организаторите, изложбата нуди современо читање на културното наследство, претставувајќи го не како статичен историски артефакт, туку како жива духовна и визуелна структура што продолжува да комуницира со современиот контекст.

Изложбата беше отворена на 27 мај, а ќе биде поставена до 16 јуни, со поддршка на македонската Амбасада во Братислава и Министерството за култура и туризам.