Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Сиљановска-Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста во време на безбедносни предизвици

Меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот, како и реформските процеси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот, како и реформските процеси во нашата земја биле темите за кои на денешната средба разговарале претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД. 

-Соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти. За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни, не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата. Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и  сојузништвото во НАТО, се важни за стабилноста, се наведува во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова. 

Претседателката изразила подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка на САД.

Реклама

-Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка. Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните, соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова.