Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Македонија

Сиљановска-Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната седница на Собранието пред пратениците ги образложи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната седница на Собранието пред пратениците ги образложи своите предлози за избор на Арлинда Кадри-Шакиновиќ и Сузана Јошевска-Анастасовска за членки на Судскиот совет.

За двете кандидатки, таа рече дека изборот го направила во согласност со нивната стручност и компетентност, како и високата професионалност и личниот кредибилитет, притоа истакнувајќи дека реформите во областа на правосудството треба да ги водат личности што се препознатливи во својата област на дејствување.

– Од дискусиите овде, и не само овде, туку во јавноста општо, јасно беше дека Судскиот совет стана фактор на криза во судството… Двете кандидатки не ги предложив затоа што се жени, туку, пред сè, поради нивната стручност и компетентност – рече претседателката.

Реклама

Сиљановска-Давкова ја искористи можноста да посочи и на важноста на етичката димензија како предуслов за независно судство покрај професионалноста и компетентноста.

– Судскиот совет е рендгенот, микроскопот, во него треба да седат луѓе што ќе треба да оценуваат врз основа на она што го имат како квалификација, но и врз основа на интегритетот и дигнитетот…Во правото најважни се законитоста, уставноста, етиката, бидејќи само таков орган ќе може да одлучува за дисциплинска одговорност, за избор на судии, разрешување судии… – рече претседателката.

Таа уште нагласи дека реформите во судството почнуваат токму во Судскиот совет.

– Ако во Судскиот совет регрутираме луѓе посветени на правото, луѓе стручни и компетентни во областа, мислам дека тоа ќе значи промовирање исти критериуми и при изборот на судиите, одговорноста на судиите и, се разбира, очекувам нешто што додека бев пратеничка не го видов – да добиваме извештаи од Советот, кои ќе бидат аргументирани, во кои не само што ќе се детектираат проблеми туку и начини за нивно надминување, извештаи што ќе значат исчекор во реформите – рече претседателката Сиљановска-Давкова. 

По обраќањето на претседателката, на барање на координаторот на пратеничката група на ДУИ беше дадена едночасовна пауза, така што се очекува Собранието да продолжи со работа во 14 часот.