Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Сиљановска-Давкова: Изборот во ЕКОСОК е значаен дипломатски успех за Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го оцени изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како значаен дипломатски успех и потврда за довербата што меѓународната заедница ја има во државата. – Овој успех е резултат на повеќеслојна, принципиелна и активна надворешна политика што се води со доследност, решителност и визија. Особено […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го оцени изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како значаен дипломатски успех и потврда за довербата што меѓународната заедница ја има во државата.

– Овој успех е резултат на повеќеслојна, принципиелна и активна надворешна политика што се води со доследност, решителност и визија. Особено ме радува што нашите долгогодишни дипломатски напори и активности за обезбедување поддршка вродија со плод, како и фактот дека многуте странски пријатели и соговорници со кои имав можност да се сретнам во разни околности ги исполнија своите дадени ветувања – напиша Сиљановска-Давкова во објава на „Фејсбук“.

Според неа, во период кога воспоставениот меѓународен поредок минува низ длабоки промени, а глобалната сцена е обележана со неизвесности и сè покомплексни предизвици, изборот во едно толку важно тело на Обединетите нации има особено значење.

Реклама

– Овој резултат ја одразува довербата на меѓународната заедница во конструктивната улога на нашата држава, нејзината посветеност на мултилатерализмот и нејзината способност суштински да придонесува кон решавањето на глобалните економски и социјални предизвици – истакна претседателката.

Таа додаде дека како членка на EКОСОК, Македонија ќе продолжи да ги промовира дијалогот, соработката, одржливиот развој и инклузивниот просперитет работејќи заедно со сите партнери во насока на зајакнување на ефикасноста и кредибилитетот на мултилатералниот систем.

Овој избор, како што посочи Сиљановска-Давкова, уште еднаш потврди дека нашата држава е почитуван, доверлив и влијателен фактор на меѓународната сцена и го докажа сè поголемото признание што го ужива нашата принципиелна и активна дипломатија.

– Наместо бесмислени и непринципиелни надворешнополитички авантури, како и досега, ќе продолжам да водам хумана надворешна политика, која во своето средиште ги става човечкото достоинство и интересите на нашата држава, а истовремено се залага за почитување на правата на македонското малцинство во согласност со меѓународните и европските акти – нагласи претседателката Сиљановска-Давкова.