Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски, во пресрет на нивното учество на 61. Биенале за уметност во Венеција.

На средбата, како што соопшти нејзиниот кабинет, беа разменети мислења за концептот и подготовките на македонскиот павилјон, како и за уметничкото решение со кое ќе се претставиме пред меѓународната публика, на настанот што со децении ја возбудува светската културна сцена и јавност.

Уважувајќи ја улогата на уметноста како универзален јазик и моќта на културната дипломатија, Сиљановска-Давкова изрази интерес за севкупниот креативен процес и за пораките што уметникот Жерновски цели да ги пренесе преку проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“.

Реклама

Соговорниците се согласија околу насушната потреба од континуирана институционална поддршка на уметноста и културата, како и за важноста на македонското учество на Биеналето во Венеција, како исклучителна можност за достојно претставување и афирмација на нашиот творечки потенцијал.

Претседателката ја нагласи својата цврста поддршка на уметничкото творештво, со посебен акцент на младите уметници. Таа изрази подготвеност дворот на Кабинетот да биде едно од местата каде што ќе се одржуваат културни настани и уметнички претставувања, заради поттикнување на младите уметници.