Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Шукова: Систем за собирање отпад со ред, календар и функционален сервис за жителите на Скопје

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостување на подкастот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостување на подкастот „Каде се парите?“ најави дека еден од нејзините главни приоритети ќе биде потполната санација и модернизација на депонијата Дрисла, со цел конечно да се усогласи со европските стандарди за санитарни депонии, стои во соопштението на СДСМ.

„Дрисла не е санитарна депонија. Тоа мора да го кажеме отворено. Иако со години се зборува за европски стандарди, реалноста е дека во депонијата нема соодветна контрола на гасовите, ниту на исцедокот што продира во почвата и подземните води“, изјави Шукова.

Нејзиниот план предвидува воведување на целосен систем за собирање и контрола на метанот, за да се спречи самозапалување и загадување на воздухот, како и поставување современ систем за преработка на исцедокот со кој ќе се заштитат подземните и површинските води. Покрај тоа, ќе се воведе контролирано затрупување на отпадот по утврдени стандарди, со употреба на земја и глина и постојано компактирање на материјалот.

Реклама

„Секој ден што дозволуваме гасовите и исцедокот да излегуваат во природата, ја труеме животната средина. Ќе го примениме моделот што веќе функционира во Словенија и Хрватска – санитарна депонија со строга контрола“, истакна Шукова.

Таа додаде дека проектот ќе се реализира со поддршка од европските ИПА фондови и во соработка со приватниот сектор, во рамките на националниот процес за регионално управување со отпад.

„Со ова Скопје конечно ќе стане дел од современиот систем на управување со отпад каков што му доликува на европски град“, порача Шукова.

Најави дека во првата година од нејзиниот мандат ќе воспостави јасен и предвидлив систем за собирање отпад по денови и видови, бидејќи само така ќе има ефикасна селекција на отпадот во градот.

„Понеделник – пластика и хартија, вторник – комунален, среда – биоразградлив, со јасен календар и транспарентност. Граѓаните сакаат да селектираат, само треба да им овозможиме систем што функционира“, изјави Шукова во гостување на подкастот „Каде се парите?“.

Таа најави дека ќе се инвестира во нова опрема и инфраструктура, модерни камиони, контејнери и дигитална платформа на која граѓаните ќе можат да го следат распоредот за собирање отпад и да пријавуваат неправилности.

„Не ветувам чуда во првите 72 часа, ветувам ред и систем што ќе остане. Скопје ќе добие функционална комунална инфраструктура“, порача Шукова, додавајќи дека воспоставувањето ред во управувањето со отпад е основа за чист, организиран и европски град.