Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при посетата на општина Кисела Вода ја претстави програмата за справување со загадувањето на воздухот, со посебен фокус на решавање на проблемот со затоплувањето во домаќинствата. Таа истакна дека над 50% од загадувањето и понатаму потекнува од индивидуалните домаќинства кои се греат на дрва, јаглен или други цврсти горива, се вели во соопштението од СДСМ.

„Ако сакаме да го намалиме загадувањето на воздухот, мораме конкретно да им помогнеме на домаќинствата. Затоа, Градот ќе обезбеди субвенции за сите граѓани кои повторно ќе се приклучат на централното греење, како и за новите семејства што ќе се вклучат во системот,“ додаде таа.

Шукова нагласи дека програмата на СДСМ предвидува серија мерки, кои се поделени на краткорочни, среднорочни и долгорочни решенија, а две од нив се особено важни за зимскиот период што следува:

Реклама

• Директна финансиска поддршка за приклучување на постојната мрежа за централно греење;
• Помош и поддршка за најранливите категории граѓани, за тие да добијат еколошко и безбедно решение за затоплување.

Сакаме процесот да биде едноставен, транспарентен и брз — без бирократски пречки. Секое домаќинство треба да има јасна постапка и поддршка од градот,“ нагласи Шукова.

Во рамките на програмата, Градот ќе обезбеди и чистење и одржување на оџаците, како и 5000 бесплатни филтри секоја година за домаќинствата кои се загреваат на цврсти горива, со цел намалување на ПМ честичките во воздухот.

„Загадувањето во Скопје не смее да биде зимска судбина. Таму каде што има централно греење, ќе воведеме забрана за користење дрва и јаглен, затоа што тоа е директна инвестиција во здравјето на сите скопјани,“ изјави таа.

Шукова додаде дека оваа политика е пред сè здравствена и еколошка, а не само енергетска мерка:
„Чистиот воздух не е луксуз, тоа е основно право на секој граѓанин. Со модернизација на топлификацискиот систем и заедничка акција на сите општини, ќе обезбедиме Скопје конечно да дише чист воздух.“

Посетата на општина Кисела Вода е дел од низата теренски активности на кандидатката Шукова, каде таа непосредно се среќава со граѓаните и ги претставува конкретните решенија од својата програма за почисто, зелено и здраво Скопје.