Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Штипскиот градоначалник оствари средба со Дамјан Давков кој освои златен медал на првата Европска математичка олимпијада

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска оствари прием на Дамјан Давков,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска оствари прием на Дамјан Давков, штипскиот генијалец кој освои златен медал на првата Европска математичка олимпијада (ЕМО), одржана во Вилнус, Литванија. Во соопштението од општина Штип се наведува дека при приемот, градоначалникот  Јорданов упатил искрени честитки за постигнатиот извонреден успех, истакнувајќи дека освоениот златен медал претставува големо признание за трудот, знаењето и посветеноста на младиот ученик.

Тој нагласи дека ваквите достигнувања претставуваат значајна промоција на општина Штип и на Република Македонија на меѓународно ниво, како и потврда за квалитетот и потенцијалот на младите луѓе од општината во областа на науката и образованието. Градоначалникот подвлече дека Општината останува посветена на континуирана и системска поддршка на талентираните ученици, преку создавање услови за нивен развој, поттикнување на нивните успеси и обезбедување различни форми на наградување и поддршка. 

Јорданов вели и дека вложувањето во младите, особено во оние кои постигнуваат врвни резултати, претставува директен придонес во иднината на општеството.

Реклама

Инаку, со овој успех, Дамјан Давков се најде на врвот меѓу најдобрите натпреварувачи, освојувајќи ја титулата севкупен победник на првата Европска математичка олимпијада.