Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Свет

Шпанските патници евакуирани од крузерот Хондиус

– Шпанските државјани кои беа на крузерот Хондиус на кој се појави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Шпанските државјани кои беа на крузерот Хондиус на кој се појави хантавирус, со авион денеска се пренесени во воената база во градот Торехон, во близина на Мадрид.

Тринаесет патници и еден член на екипажот на бродот, ќе бидат префрлени во воената болница „Гомез Ула“ на југозапад од шпанската престолнина, каде што ќе бидат ставени во карантин и под медицински надзор.

Шпанските власти утрово го започнаа процесот на евакуација на патниците од бродот, кој е закотвен во близина на островот Тенерифе, а здравствените службеници се качуваат на бродот за да извршат финални тестови, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Реклама

Шпанските државјани се првите што се евакурани. Тие беа транспортирани до брегот во мали чамци во групи од по пет, каде што ги чекаа автобуси и ги однесоа до локалниот аеродром.