Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Шокантни наоди на интерната комисија: Најмалку десет пациенти за чист профит неосновано биле пратени под нож

Десет пациенти завршиле под нож и преживеале тешка операција на срце без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Десет пациенти завршиле под нож и преживеале тешка операција на срце без да има потреба за тоа. Ова го открила интерната комисија на Министерството за здравство која изминативе месеци имаше задача да провери дали поради профит, пациенти беспотребно се упатувале на интервенции во приватните клиники.

Од  25 пристигнати пријави за сомнителни кардиохируршки интервенции, комисијата анализирала 19. Од нив, во 10 случаи е утврдено дека операциите биле непотребни, или дека пациентите биле упатени без доволна медицинска оправданост.

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека следува влегување во сите клиники ширум земјва, државни и приватни, за да се направи дополнителна анализа.

Реклама

Засега комисијата не открива во кои клиники се правени непотребните операции и колкава е штетата на државниот буџет за овие интервенции. Претседавачот на комисијата Жарко Христовски вели дека не е етички коректно ниту правно издржано во оваа фаза да се открие во кои болници се извршени операциите.

Комисијата ќе ги провери сите клиники и досиејата на пациентите на кои им биле извршени тешки операции на срце. Ќе работи со меѓународна експертска комисија, со цел да се направат конкретни препораки за подобрување на третманот на пациенти со срцеви болести.

Откако ќе завршат проверките, ќе се знае дали за овој скандал работа ќе има и Јавното обвинителство односно дали ќе има и кривична одговорност.

Алармот за ова прашање го вклучи кардиологот Сашко Кедев со неговата изјава дека во приватни болници во земјава се вршат хируршки интервенции без вистинска потреба, поради профит.