Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Шеста хуманитарна акција за „Свети Никола“ во Велес

Традиционалната  шеста по ред хуманитарна акција што за празникот „Свети Никола“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Традиционалната  шеста по ред хуманитарна акција што за празникот „Свети Никола“ во Велес, ја организира гостилницата „Боем“ заедно со здружението „Нула гладни во Велес“ и волонтерите на Општинската организација на Црвен крст денеска на семејства во ризик им  поделија  850 топли оброци. Воедно, Дедо Мраз на 100 деца им подели и новогодишни пакетчиња и играчки.

Како и изминатите години, оброците и новогодишните пакетчиња и играчки беа донирани во изминатите денови од хуманите граѓани. 

-Во духот на заедништвото и солидарноста, беа поделени  850 топли оброци. Волонтерите на Општинскиот  Црвен крст, со несебична посветеност, пакуваа по две кутии ручек и по две лепчиња, кои им ги поделија на сите граѓани кои дојдоа да добијат топол оброк. Воедно со насмевка им искажаа и  искрена поддршка и внимание во духот на солидарноста. Посебна радост донесе Дедо Мраз, кој од својата вреќа со подароци ги израдува најмладите. Поделени беа 100 новогодишни пакетчиња, многу бомбони, играчки, тротинет, што придонесе детските очи да заблескаат, а насмевките на најмладите, ја искажуваа нивната благодарност, наведуваат организаторите.

Реклама

Трајче Мешков од гостилницата „Боем“, им се заблагодари  на сите велешани кои како и во изминатите години и годинава во оваа акција ја искажаа својата хуманост на дело и поттврдија дека семејствата на кои им треба помош не се заборавени.

Инаку, оранизаторите вакви и слични хуманитарни акции организираат за сите поголеми верски и други празници кога хуманаста и подадената рака најдобро ја искажуваат смислата на празнувањата.