Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Сестрата на Фросина најави протест за утре: Судот донесе одлука дека убиството во Македонија се исплаќа

Оваа срамна пресуда е само уште еден триумф на праксата на неказнивост…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оваа срамна пресуда е само уште еден триумф на праксата на неказнивост што ја негува нашето труло судство. 12 години за животот на Фросина. 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин на зелено. 12 години за искршен череп, распарчено срце и уништена иднина, напиша на Фејсбук, Росица Кулакова.

Ова не е пресуда. Ова е плукање врз болката на цело наше семејство и врз болката на сите што ја сакаа Фросина. Во оваа фарса убијците добиваат милост, а невините жртви завршуваат во правни архиви.

Кои се тие олеснителни околности? Дека не побегнал? Дека вриштел врз мртвото тело на сестра ми за последиците кои нејзината смрт ќе ги има на неговиот мизерен живот? Дека е “спортист”? Дека е жив? А Фросина? Фросина немаше ни една олеснителна околност. Фросина сега има само гроб.

Реклама

Овој суд не донесе правда. Донесе јасна порака: во оваа земја, убиството се исплаќа

Ова не е пресуда што ја задоволува правдата. Ова е потсмев кон секој родител што плаче над гробот на своето дете. Ова е доказ дека во нашата судска пракса неказнивоста стана правило, а на правдата и се врзани рацете

Срам да ви е!

Ние нема да молчиме и од нашата болка правиме повик за промена. Излезете со нас на протест за да нема други мајки што ќе го носат товарот на неказнивост, за да нема повеќе откорнати невини животи. За да има правда за Фросина и за правда за сите! За сите кои утре може да завршат под тркалата на некој монструм. За сите што оваа држава ги предаде!

Се гледаме утре во 17.00ч пред Универзална Сала – на местото каде што на монструозен начин и беше одземен животот на Фросина по што ќе се упатиме кон судот кој денес, по втор пат ја уби.
Нека нашите чекори одекнат во име на правдата. Денес за Фросина, а утре и за сите останати потенцијални жртви на корумпираниот систем на неказнивоста.