Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Серафимовски: Владата ќе ги олесни условите за кредитирање на винарниците за зголемен откуп на грозјето, полесно до субвенции и за лозарите, овоштарите и поледелците

Владата на следната седница ќе ја измени Одлуката за условите за користење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на следната седница ќе ја измени Одлуката за условите за користење на средствата од компензационите фондови со цел да се олесни пристапот на винарските визби до средствата наменети за откуп на винско грозје и да се обезбеди навремена исплата на лозарите – најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.

На прес-конференција посветена на тековната берба на винското грозје, Серафимовски информира дека станува збор за кредитна линија преку Развојната банка во вкупна вредност од 793,48 милиони денари, односно околу 12,9 милиони евра.

Од овие средства, 553,48 милиони денари или околу девет милиони евра се наменети за откуп на винско грозје од сортата вранец, додека 240 милиони денари или околу 3,9 милиони евра се предвидени за откуп на оризова арпа.

Реклама

– На барање на винарските визби ќе ги олесниме условите за користење на овие средства за откуп на вранец. Грејс-периодот ќе биде зголемен од три на 18 месеци, по што ќе следуваат дополнителни 18 месеци за отплата на кредитот, со фиксна годишна каматна стапка од еден процент. Како заложно обезбедување ќе може да се користи и произведеното вино – истакна Серафимовски.

Според него, измените треба да ја подобрат ликвидноста на винарниците и да создадат услови за зголемен откуп на најзастапената винска сорта во земјава.

Министерот посочи дека потребата од ваквата мерка ја потврдуваат и извозните резултати во секторот.

Во првите осум месеци од годинава од државата се извезени 5.582 тони грозје. Притоа, извозот на трпезно грозје достигнал 4.962 тони и е повисок за 2,7 проценти во споредба со лани, додека извозот на винско грозје е намален од 854 на 619 тони, што претставува пад од околу 27,5 проценти.

На прес-конференцијата, Серафимовски информира дека ќе предложи олеснување на условите за остварување право на субвенции за производителите во лозарството, овоштарството и поледелство и дека во изминатиот период е засилена исплатата на финансиската поддршка кон земјоделците, при што досега се исплатени 948,78 милиони денари, односно околу 15,4 милиони евра на 30 389 корисници опфатени со мерките.

Тој посочи дека неповолните временски услови и ограничените можности за пласман на производството довеле дел од земјоделците објективно да не можат да го исполнат условот за најмалку 30 проценти продадено или предадено производство.

– Во Министерството ги завршуваме анализите за измена на Уредбата за директните плаќања за 2026 година. На следната седница на Владата ќе предложиме укинување на овој услов за производителите во лозарството, овоштарството и поледелството, изјави министерот.

Според него, целта е да се овозможи поголем број земјоделци да го остварат правото на финансиска поддршка во услови на отежнат пласман и неповолни временски прилики.