Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Семејното насилство, особено по Ковид-пандемијата, е во постојан пораст.

Се почесто недоразбирањата во семејствата се решаваат со насилство. Семејното насилство, особено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се почесто недоразбирањата во семејствата се решаваат со насилство. Семејното насилство, особено по Ковид-пандемијата, е во постојан пораст, покажуваат анализите на невладиниот сектор. Само до ноември во Штип се регистрирани стотина нови случаи, а од вкупно четири фемицида во државата, три се во Штип.

„Конкретно кај нас во организацијата, која веќе 23 години работи во оваа област, се пријавени од Штип и околината, а има и од источниот дел, вкупно 109 случаи на насилство врз жени и деца, односно девојчиња, и ова е навистина загрижувачки факт. Ова е бројка само од овој дел, инаку „ЕХО” работи и во Пелагонискиот и Југоисточен регион, и ако ги собере и тие бројки, доаѓаме до некоја бројка од 180 случаи оваа година, а годината сè уште не е завршена“, изјави Бети Пеева од НВО „ЕХО” од Штип.

Ова не се реалните бројки на случаи на семејно насилство, алармира невладиниот сектор. Најголем дел од жртвите, поради заплашување или економска зависност, не пријавуваат или, доколку го сторат, често се повлекуваат во текот на постапката. Затоа е неопходно да се прифати измената на член 130, став 2 од КЗ, со која насилникот ќе се гони по службена должност, без разлика дали жртвата поднела пријава. Со новите измени се предвидува институциите веднаш да реагираат, а доволно ќе биде случајот да го пријави и случаен минувач.

Реклама

„Жртвата се плаши од самиот сторител. Се случува доколку даде нејзина согласност за кривично гонење, во меѓувреме, додека да заврши процедурата и додека да се санкционира сторителот, може да се случат уште по грозоморни дела“, изјави Бети Пеева од НВО „ЕХО” од Штип.

Според анализите на граѓанскиот сектор, дури 70% од жртвите на семејно насилство, по притисок од насилникот или семејството, ги повлекуваат изјавите. Таков беше случајот и со убиството на 29-годишната штипјанка, Емилија Пешева. Иако првично го пријавила насилството во Центарот за социјални работи, притисната од партнерот, ја повлекла изјавата, за по неколку месеци потоа тој да ѝ го одземе животот.